Плетени новогодишни чорапи во зелена основа со разиграни мотиви од снешко, снегулки и црвени акценти. Внатрешноста на отворот е збогатена со меко беж-бело пувкасто крзно кое нуди дополнителна топлина и удобност при носење дома.
На долниот дел од стапалото се наоѓаат гумирани силиконски точки кои спречуваат лизгање на мазни површини. Практичен и празничен модел погоден за ладните зимски денови.
- Празничен дезен со мотив на снешко и снегулки
- Мека и пувкаста термо постава на отворот
- Нелизгачки силиконски точки на стапалото
- Еластично плетиво за пријатно прилегање









